Врз основа на член 40, член 42 став 1, член 43, член 44 став 4 и член 48 став 3 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.64/24, 37/25, 86/25, 101/25 и 135/25), а во врска со член 27, член 28, член 29, член 30, член 31, член 32 и член 33 од Правилникот за постапување со одземен имот (‘‘Службен весник на Република Северна Македонија’’бр.50/25) и согласно донесената Одлука за продажба на одземени предмети арх.бр. 02-1957/7 од 22.04.2026 година донесена од страна на Управниот Одбор, Агенцијата за управување со одземен имот објавува:
ОГЛАС БР. 7/2026
За продажба на одземени предмети –моторни возила по пат на трето електронско јавно наддавање
I ОПШТИ ОДРЕДБИ:
1.Продавач на одземени предмети –моторни возила е Агенција за управување со одземен имот со седиште на ул. Бул.Киро Глигоров бр. 4, 1000 Скопје.
II ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА:
1.Предмет на продажба се одземени подвижени предмети–моторни возила со следниот опис, датум и време на спроведување на продажбата по пат на трето електронско јавно наддавање:
| Ред Бр. | Име и тип на возило | Локација | Сила на мотор
kw |
Зафатнина кубици
cm3 |
Година на производство | Почетна цена/денари | 10%
депозит/де нари |
Датум и час на продажба
|
| 1. | ПМВ OPEL ASTRA | Депо Миладиновци | 81 | 1585 | 2009 | 99.000,00 | 9.900,00 | 12.05.2026год. од 09:00 до 09:15 час |
| 2. | ПМВ AUDI А5 | СВР Струмица | 200 | 2995 | 2012 | 273.000,00 | 27.300,00 | 12.05.2026год. од 11:00 до 11:15 час |
| 3. | ПМВ AUDI А6 | СВР Струмица | 228 | 2995 | 2012 | 341.250,00 | 34.125,00 | 12.05.2026год. од 12:00 до 12:15 час |
| 4. | ПМВ PORSHE CAYENNE | Камп Винојуг Гевгелија | 368 | 4086 | 2011 | 446.250,00 | 44.625,00 | 12.05.2026год. од 13:00 до 13:15 час |
| 5. | ПМВ AUDI Q7 | Депо Идризово | 176 | 2967 | 2007 | 383.661,00 | 38.367,00 | 12.05.2026год. од 14:00 до 14:15 час |
| 6. | ПМВ BMW 530D | Депо Идризово | 160 | 2993 | 2006 | 258.843,00 | 25.885,00 | 13.05.2026год. од 09:00 до 09:15 час |
| 7. | ПМВ VOLVO V70 | Камп Винојуг Гевгелија | 147 | 2435 | 2002 | 37.500,00 | 3.750,00 | 13.05.2026год. од 10:00 до 10:15 час |
| 8. | ТМВ MAN TFL 12.180 | Депо Гевгелија | 132 | / | 2006 | 364.500,00 | 36.450,00 | 13.05.2026год. од 11:00 до 11:15 час |
| 9. | ПМВ AUDI А6 | Депо Идризово | 165 | 2967 | 2004 | 190.799,00 | 19.080,00 | 13.05.2026год. од 12:00 до 12:15 час |
| 10. | ПМВ OPEL SIGNUM | СВР Струмица | 114 | 2198 | 2007 | 63.570,00 | 6.357,00 | 13.05.2026год. од 13:00 до 13:15 час |
III ПОЧЕТНА ЦЕНА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
- Почетната цена за продажба на моторните возила по пат на електронско јавно наддавање е содржана во горната табела согласно следната процена: CB/EL V-2/25-34 од 20.11.2025 год., CB/EL V-2/25-31 од 20.11.2025 год., CB/EL V2/25-41 од 02.12.2025 год., CB/EL V2/25-53 од 20.11.2025 год., CB/EL V2/25-56 од 20.11.2025 год., CB/EL V2/25-33 од 20.11.2025 год., CB/EL V2/25-36 од 24.11.2025 год., намалени за ¼ согласно член 48 став (2) од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.64/24, 37/25, 86/25, 101/25 и 135/25), изготвени од страна на Министерство за правда-Биро за процени, и истите се без пресметан ДДВ.
- Депозитот за учество на електронското јавно наддавање изнесува 10 %, кој се уплаќа на образец ПП50 :буџетска сметка 100000000063095 при НБРМ подсметка (сметка буџетски корисник) 040136140969619, приходна шифра 725939, програма 20 (со назнака во цел на дознака: по Оглас бр.7/2026 и се наведува редниот број на предметното возило од табелата).
- Начин на плаќање: Купувачот е должен веднаш по заклучувањето на јавното наддавање, но не подолго од 15 дена, 7% од понудената цена да уплати на посебна приходна шифра на депозитната сметка на Агенцијата за управување со одземен имот, образец ПП50:буџетска сметка 100000000063095 при НБРМ подсметка (сметка буџетски корисник) 040136140969619, приходна шифра 723220, програма 20, додека останатиот дел, односно 93% од понудената цена на друга посебна приходна шифра на депозитната сметка на Агенцијата, образец ПП50:буџетска сметка 100000000063095 при НБРМ подсметка (сметка буџетски корисник) 040136140969619, приходна шифра 722115, програма 20.
- Возилото се презема веднаш по заклучувањето на јавното електронско наддавање и уплатата на постигнатата цена, а додека за возилата кои што се со странски таблички под реден бр.2 и реден број 10, наведени во табелата на објавата, за истите да се спроведе една од дозволените царински постапки од страна на купувачот.
- Сите трошоци во врска со преземањето на возилото од плацевите наведени во табелата, паѓаат на товар на купувачот.
IV ПРАВО НА УЧЕСТВО:
- Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите заинтересирани физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на одземените предмети на територија на Р.С. Македонија согласно закон и кои ги исполнуваат условите дадени во Огласот број 7/2026, освен Лица вработени во АУОИ, други лица кои службено учествувале во постапката, осуденото лице против кое се водела судската или прекршочната постапка, брачен другар, вонбрачен другар, роднина во права линија или до четврти степен во странична линија на вработените и на осуденото лице или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка, правни лица или одговорни лица во правните лица или бранителот или правниот застапник на правното лице во кое осуденото лице е сопственик на најмалку 25 % од сите акции или се наоѓа на раководна позиција.
- Заинтересираните правни лица доставуваат и образец тековна состојба од Централниот регистар но не постара од шест месеци и уплатница за платен депозит од 10% од почетната цена. Физичките лица доставуваат уплатница за платен депозит од 10% од почетната цена.
Потребната документација со пријавата за учество на електронското јавно наддавање се поднесува преку Архивата на Агенцијата за управување со одземен имот, (Пријавата може да се подигне во Агенцијата или истата да се симне од интернет страницата www.odzemenimot.gov.mk).
V. Документација која учесниците на електронското јавно наддавање се должни да ја достават за учество на огласот (оригинал или препис заверен на Нотар):
За учество на пријавените лица на јавното наддавање потребна задолжителна претходна електронска регистрација на следниот линк: http://www.odzemenimot.gov.mk
Пријавата за учество со потребната документација во хартиена форма се поднесува преку Архивата на Агенцијата за управување со одземен имот во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на пријавениот кандидат со целосна и точна адреса,бројот на огласот и редниот број на предметот. Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој го содржи називот на договорниот орган со точна адреса, го содржи бројот на огласот, во горниот лев агол стои назнака „не отворај” , да не се отвара пред времето и датумот за отворањето.
Потребна документација со пријавата која учесниците се должни да ја поднесат е следнава:
- Доказ за платен депозит (оригинал или заверен на нотар)
- Доказ за идентитет – копија од лична карта или патна исправа за физички лица
- Доказ од Централен регистар за правни лица- тековна состојба не постара од 6 месеци (оригинал или заверен на нотар).
- Изјава(заверена на нотар)со која изјавува дека како купувач не е лице вработено во АУОИ или лице кое службено учествувало во постапката за продажба или учествувало во кривичната или прекршочната постапка или е осудено лице против кое се водела судската или прекршочната постапка,не е брачен другар, вонбрачен другар, роднина во права линија или до четврти степен во странична линија на вработените и на осуденото лице или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка, не е управител на правно лица или одговорно лице во правното лице или бранителот или правниот застапник на правното лице во кое осуденото лице е сопственик на најмалку 25 % од сите акции или се наоѓа на раководна позиција.
VI. Рок за доставување на документацијата:
Рок за поднесување на пријавите за учество на електронското јавното наддавање е од 28.04.2026 година до 05.05.2026 година, заклучно до 14:00 часот.
VII. ОПШТИ УСЛОВИ
- 1. Моторните возила кои се предмет на продажба,а се сместени на локација во депо Миладиновци на Агенција за управување со одземен имот и истите се наведени во табелата на објавата. Разгледувањето на истите ќе се врши на ден 29.04.2026 година од 10:00 до 12:00 часот. Моторните возила кои се предмет на продажба,а се сместени на локација во депо Идризово на Агенција за управување со одземен имот и истите се наведени во табелата на објавата. Разгледувањето на истите ќе се врши на ден 30.04.2026 година од 10:00 до 12:00 часот. Моторните возила кои се предмет на продажба,а се сместени на локација во депо Гевгелија на Агенција за управување со одземен имот, камп Винојуг-Гевгелија и СВР Струмица и истите се наведени во табелата на објавата. Разгледувањето на истите ќе се врши на ден 04.05.2026 година од 10:00 до 14:00 часот.
2.Продажбата ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање преку системот за електронско јавно наддавање на Агенцијата за управување со одземен имот, www.odzemenimot.gov.mk по принципот видено-понудено-купено.
- Понудувачите заинтересирани за купување на предметните возила може да учествуваат на електронското јавно наддавање само доколку: достават пријава со потребната документација, имаат електронска регистрација и уплатат депозит на Образец ПП50 за учество во висина од 10% од утврдената почетната цена на буџетска сметка 100000000063095 при НБРМ, подсметка (сметка на буџетски корисник) 040136140969619, приходна шифра 725939, програма 20 (со назнака во цел на дознака: по Оглас бр.7/2026 и се наведува редниот број на предметното возило од табелата).
- По завршувањето на електронското јавно наддавање записникот за спроведеното јавно наддавање се доставува до сите учесници кои учествувале на електронското јавно надавање. Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката за јавното наддавање.
- На понудувачите чија понуда не е прифатена, депозитот им се враќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавање;
- За најповолен понудувач ќе се смета учесникот кој последен ја наддал почетната цена и која претставува највисока цена.
- Јавното наддавање нема да се одржи доколку се јави само еден понудувач.
- Условите за продажба и постапката за начинот на наддавањето можат да се видат на линкот https://odzemenimot.gov.mk/shop/, во делот Упатство за лицитирање.
9.По завршување на електронското јавно наддавање, записникот за спроведеното јавно наддавање се доставува до сите учесници кои учествувале на електронското јавно наддавање.
- Понудувачот кој ќе постигне највисока цена станува сопственик на моторното возило и е должен цената да ја уплати веднаш по заклучувањето на јавното наддавање, но не подолго од 15 дена од денот на спроведувањето на електронското јавно наддавање,а гаранцијата му се враќа откако ќе изврши уплата на целиот износ од остварената продажба и тоа: 7% од понудената цена да уплати на посебна приходна шифра на депозитната сметка на Агенцијата за управување со одземен имот, образец ПП50:буџетска сметка 100000000063095 при НБРМ подсметка (сметка буџетски корисник) 040136140969619, приходна шифра 723220, програма 20, додека останатиот дел, односно 93% од понудената цена на друга посебна приходна шифра на депозитната сметка на Агенцијата, образец ПП50:буџетска сметка 100000000063095 при НБРМ подсметка (сметка буџетски корисник) 040136140969619, приходна шифра 722115, програма 20, а додека за возилата кои што се со странски таблички под реден бр.2 и реден број 10, наведени во табелата на објавата, за истите да се спроведе една од дозволените царински постапки од страна на купувачот.
Доколку купувачот не ја уплати цената во рок од петнаесет дена од заклучувањето на јавното наддавање се смета дека купувачот се откажал од купениот предмет и внесената гаранција од него служи за покривање на трошоците настанати при спроведувањето на целокупната постапка за продажба и средствата се трансферираат на сметката на самофинансирачки активности.
- Сите трошоци во врска со преземањето на возилата од плацовите на Агенцијата за управување со одземен имот, како и од останатите локации каде што истите се сместени паѓаат на товар на купувачот.
- Информации во врска со продажбата, заинтересираните купувачи може да добијат на телефон (02) 3 254-380 или (02) 3209-087,
- Овој оглас се објавува во дневните весници „Нова Македонија„ и „Коха„ како и на интернет страницата на Агенцијата за управување со одземен имот.
- Објавата на овој оглас трае 7 дена, почнувајќи од 04.2026 година, заклучно со 05.05.2026 година до 14:00 часот.