
Агенција за управување со одземен имот
Замрзнувањето и запленувањето на приходите стекнати од криминал е ефикасен пристап во борбата против тешкиот и организиран криминал при што главниот мотив е да се стекне некаква корист.
Еден од главните мотиви за сериозниот и организиран криминал е финансиската добивка. Организираните криминални групи го инвестираат нелегално стекнатиот профит во понатамошни илегални активности или спроведуваат перење на пари за негово легализирање и инфилтрација со цел да се стекнат со економско влијание во општеството. Конфискацијата на приходи стекнати од криминал се повеќе е признаено како ефикасен начин за борба против организираниот криминал.
Замрзнувањето и запленувањето на приходите стекнати од криминал е ефикасен пристап во борбата против тешкиот и организиран криминал при што главниот мотив е да се стекне некаква корист.
Република Северна Македонија помеѓу првите Балкански земји ги имплементираше мерките за конфискација на приходи стекнати од криминал и ја воспостави законската основа за конфискација на приходи при што главниот предизвик е нејзината практична имплементација.
Агенцијата за управување со одземен имот основана со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во делот на конфискацијата презема широк спектар на мерки со кои треба да ја задржи вредноста на имотот преку забрана за негово отуѓување, преку негово поставување во соодветен магацински простор, продавање или раководење со замрзнатиот имот. Мерката зависи од природата на имотот (пари, акции, добра, возила, подвижен имот, компанија, недвижности, итн.)
Од погоре наведеното можеме да заклучиме дека со донесувањето на законот како и со основањето на Агенцијата во нашата држава се обезбедува конзистентна правна рамка, која го регулира начинот на управување и постапување со конфискуваниот имот и одземените предмети, домаќинско и соодветно управување на надлежните органи, засновано врз начелата на законитост, економичност и ефикасност.
Надлежности на Агенцијата согласно Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети:
- управува со конфискуваниот имот, имотна корист како принос од казнено дело и одземените предмети.
- со согласност на судот управува со привремено одземениот имот и имотна корист и привремено одземените предмети во кривична постапка, освен одземената дрвна маса согласно со закон со цел да се заштити бредноста на имотот согласно Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети.
- управува со привремено одземениот имот и имотна корист и одземените предмети во прекршочна постапка, освен одземената дрвна маса согласно со закон со цел да се заштити бредноста на имотот согласно Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети.
- ѕправува со трајно одземени предмети во прекршочна и управна постапка согласно со закон, освен предметите одземени во даночна постапка
- ја спроведува постапката за постапката на конфискацијата на имот и имотната корист како принос од казнено дело
- управува со привремено одземениот имот и имотна корист и привремено одземените предмети или со конфискуваниот имот и имотна корист како принос од казнено дело и одземените предмети кои произлегуваат од кривични дела, или имот чие располагање е ограничено со одлука на ООН и други меѓународни организации на кои е членка Република Северна Македонија
- соработува со домашни и странски канцеларии за поврат на имот, како и странски и други меѓународни организации согласно со закон
- води регистар за привремено одземен имот и привремено одземените предмети и трајно одземените предмети и конфискуван имот
-
- го чува и го складира одземениот имот
- врши процена на одземениот имот
- го дава во закуп конфискуваниот имот
- води евиденција на целокупниот одземен имот
- го продава одземениот имот
- изготвува статистички, финансиски и други извештаи за одземениот имот
- планира, организира и спроведува обука за вработените во Агенцијата и другите субјекти вклучени во постапувањето со одземениот имот
- дава мислење во врска со примената на овој закон и
- врши други работи утврдени со закон
-
Офицер за заштита на лични податоци
Врз основа на член 21 став 1 алинеја 10, од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/24 и 37/25, 86/2025 и 101/2025), и член 41 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/20, 294/21 и 101/2025), директорката на Агенција за управување со одземен имот, за овластено лице за заштита на личните податоци – офицер за заштита на личните податоци во Агенцијата за пошти, со Одлука бр.01-2733/1 од 18.06.2025 година, го определи следниот административен службеник:
- Име и презиме: Неџмедин Фејзула
- Работно место: Помошник раководител на Сектор за правни работи
- Е-пошта: nexhmedin.fejzula@odzemenimot.gov.mk
- Телефон: +389 2 3 209 920
Најнови новости
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Агенцијата за управување со одземен имот ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Агенцијата за управување со одземен имот ја сочинуваат следните групи на информации:
- Новости
- Закони
- Подзаконски акти
- Документи
- Формулари
- Информации
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Агенцијата за управување со одземен имот со пополнување на – Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Агенцијатаили да го симнат тука.
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Агенцијата за управување со одземен имот – Бу. Киро Глогоров бр.4, 1000 Скопје, на e-mail: info@odzemenimot.gov.mk
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 023254380.
Агенцијата за управување со одземен имот согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ги определи:
- Службено лице за посредување со информации од јавен карактер – Сафет Црновршанин, Раководител на Сектор за оперативно работење
- Заменик на службеното лице за посредување со информации од јавен карактер – М-р Анита Бошкова, Раководител на Сектор за правни работи
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 02 3 209 920.
Агенцијата за управување со одземен имот согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ги определи:
- Сафет Црновршанин – Раководител на Сектор за оперативно работење, е-маил: safet.crnovrsanin@odzemenimot.gov.mk
- м- р Анита Бошкова, Раководител на Сектор за правни работи е-маил: anita.boshkova@odzemenimot.gov.mk
Овлатено лице за меѓународна соработка и Проект менаџмент:
Арита Хаџиева, Раководител на Одделение за управување до човечки реусурси, емаил: arita@odzemenimot.gov.mk и/или arita_ hadzieva@yahoo.com
- Кеј Димитар Влахов бр.4 , 1000 Скопје
- Привремена адреса: Бул.Киро Глигоров бр.4
- info@odzemenimot.gov.mk
- +389 2 3 209920
- Работно време: 07:30 (08:30) - 15:30 (16:30)
- Работно време (Архива): до 14 часот