Бул.Киро Глигоров бр.4

info@odzemenimot.gov.mk

Работно време: 07:30 (08:30) - 15:30 (16:30)

Архива: до 14 часот

Врз основа на член 40, член 42 став 1, член 43, член 44 став 4, член 45 и член 73 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (*) (,,Службен весник на Р.С. Македонија” бр. 64/24, 37/25, 86/25, 101/25, 135/25 и 132/26) а во врска со Правилникот за постапување со одземен имот (,,Службен весник на Р.С. Македонија” бр.50/25,173/26) и согласно донесената Одлука за продажба на одземени подвижни предмети – хаварисани возила со третман на отпаден материјал со бр. 02-3464/5 од 16.07.2026 година донесена од страна на Управниот Одбор, Агенцијата за управување со одземен имот на ден  05.08.2026 година го објавува следниот:

 

ОГЛАС БР. 11/2026

 За продажба на одземени подвижни предмети –хаварисани возила со третман на отпаден материјал, по пат на прво јавно наддавање по електронски пат

 

I ОПШТИ ОДРЕДБИ:

1.Продавач на одземените подвижни предмети – хаварисани возила со третман на отпаден материјал е Агенција за управување со одземен имот со седиште на ул. Бул. Киро Глигоров бр.4, 1000 Скопје.

II ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА:

  1. Предмет на продажба се вкупно 990 подвижни предмети –хаварисани возила (патнички и товарни моторни возила, мотоцикли, трактори, приколки) со третман на отпаден материјал кои се продаваат заедно и тоа: Листа на детален опис на предметите што се продаваат е објавена на веб страната на Агенцијата во делот “Огласи”, http://www.odzemenimot.gov.mk/oglasi.

III ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ, ПОЧЕТНА ЦЕНА, ДЕПОЗИТ ЗА УЧЕСТВО, ГАРАНЦИЈА ПО ДОГОВОР:

  1. Проценета на возилата е извршена согласно Проценките на Министерство за правда-Бирото за судски вештачења со бр: СВ V 2/26-55 од 08.06.2026 година; СВ V 2/26-54 од 08.06.2026 година; СВ V 2/25-66 од 15.03.2026 година; СВ V 2/26-16 од 23.04.2026 година; СВ V 2/25-47 од 06.04.2026 година.
  2. Проценети се 990 возила на кои им е даден третман на отпаден материјал. Точната количина во килограми на возилата за старо железо ќе се утврди на денот на мерењето и документира со кантарски белешки по што ќе се изврши фактурирање со точните количини.
  3. За сите возила заедно, почетната цена за продажба на електронското јавно наддавање изнесува 13 (тринаесет) денари за еден килограм старо железо без ДДВ. Агенцијата за управување со одземен имот не е ДДВ обврзник.
  4. Депозитот за учество на електронското јавно наддавање изнесува 1.287.000,00 денари. Претставува 10% од вкупната ориентациона вредност хаварисаните возила и истиот се уплаќа на буџетска сметка 100000000063095 при НБРСМ (потсметка)-сметка на корисник 040136140969619, приходна шифра 725939, програма 20, со цел на дознака ,,депозит за јавно наддавање по Оглас бр.11/2026”.
  5. Понудувачот-купувачот во рок од 15 дена од заклучувањето на постапката за електронското јавно наддавање должен е да склучи Договор за продажба кој ќе го обезбеди со приложување на банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во износ од 1.930.500,00 денари, по што ќе се пристапи кон преземање на подвижните предмети.
  6. Купувачот-превземачот се обврзува дека со преземените возила ќе постапи согласно Законот за управување со отпад, односно Законот за управување со дополнителни текови на отпад.

IV ДАТУМ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ:

  1. Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница www.odzemenimot.gov.mk преку системот за електронско јавно наддавање на Агенцијата за управување со одземен имот.
  2. Јавното наддавање ќе се одржи на ден 21.08.2026 година, со почеток во 10:00 часот и ќе трае 1 (еден) час и 30 (триесет) минути, односно до 11:30 часот.

V ПРАВО НА УЧЕСТВО:

  1. Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите од Огласот и кои поседуваат Дозвола за собирање, третман и преработка на отпадни возила согласно Законот за управување со отпад со впишана шифра 16.01.04 кои се однесувaат на искористени возила согласно Листата на видови на отпад (Сл. Весник на РМ бр.100/05) и Правилникот за мерките за заштита на животната средина кои мораат да ги преземат производителите, сопствениците и субјектите кои постапуваат со искористени возила, нивните компоненти, материјали, целите и роковите за нивно постигнување и начинот и условите за складирање, формата и содржината на образецот за известување како и начинот на водење на евиденцијата (Службен весник на Република Македонија "бр.108/2009 и 164/2010).
  2. Право на учество на јавното наддавање немаат: вработените во АУОИ, други лица кои службено учествувале во постапката, осуденото лице против кое се водела судската или прекршочната постапка, брачен другар, вонбрачен другар, роднина во права линија или до четврти степен во странична линија на вработените и на осуденото лице или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка, правни лица или одговорни лица во правните лица или бранителот или правниот застапник на правното лице во кое осуденото лице е сопственик на најмалку 25 % од сите акции или се наоѓа на раководна позиција.

VI Документација која учесниците на електронското јавно наддавање се должни да ја достават за учество на огласот (оригинал или препис заверен на Нотар):

За учество на пријавените правни лица во јавното наддавање потребна е претходна електронска регистрација на следниот линк: http://www.odzemenimot.gov.mk.

Потребната документација во хартиена форма се поднесува преку Архивата на Агенцијата за управување со одземен имот.

Пријавата за учество во јавното наддавање во хартиена форма заедно со потребната документација да се поднесе во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на пријавениот кандидат со целосна и точна адреса. Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој е адресиран со точна адреса на договорниот орган, го содржи бројот на огласот, во горниот лев агол стои назнака „не отворај” , да не се отвара пред времето и датумот за отворањето.

Потребна документација која учесниците се должни да ја поднесат е следнава:

  1. Пријава за учество (Пријава за продажба на подвижен предмет..) може да се подигне во Агенцијата или да се преземе од интернет страницата https://odzemenimot.gov.mk/shop/
  2. Доказ за платен депозит за учество од 10% во електронското јавно наддавање;
  3. Изјава (заверена на нотар) со која изјавува дека како купувач не е лице вработено во АУОИ или лице кое службено учествувало во постапката за продажба или...” се презема од Веб страната на Агенцијата https://odzemenimot.gov.mk/wp-content/uploads/2025/03/ИЗЈАВА-на-нотар.pdf;
  4. Критериум за утврдување на способност на понудувачот:

- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;

- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;

- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган;

- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

5.Техничка опременост на правните лица:

-  Доказ за поседување на минимум 2 (две) возила, (камиони опремени со авто дигалки -Грејфер),

-  Доказ за поседување на 1 (една) подвижна преса за балирање на старо железо.

6. Доказ за идентитет:

- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија

7. Дозволи од надлежен орган кои треба да се приложат:

- Дозвола за вршење на дејност складирање, третман и/или преработка на отпад опишана во глава V од оваа објава,

- Дозвола за вршење на дејноста за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад,

- Лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај (за сопствени потреби).

Документите од оваа глава не смеат да бидат постари од 6 месеци.

VII РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА:

Рок за поднесување на пријавите за учество на електронското јавното наддавање е до 19.08.2026 година, заклучно до 14:00 часот.

VIII НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАДДАВАЊЕТО:

  1. Јавното електронско наддавање се спроведува во согласност со Упатството за постапка според за спроведување на јавно наддавање за продажба на одземени предмети и конфискуван имот, со арх.бр.01-1883/2 од 24.06.2026 година. Видно на веб страната на Агенцијата во делот Правила за лицитирање, односно на https://odzemenimot.gov.mk/shop/
  2. Продажбата на подвижните предмети- хаварисани возила како старо железо ќе се изврши за сите возила во пакет, вкупно 990 возила кои се сместени на повеќе локации и тоа: депоата на Агенцијата во Скопје-депо Миладиновци и депо Идризово, во Гевгелија депо Гевгелија, во Скопје – Министерство за правда - КПУ Затвор Скопје, во Тетово - ЈП Национални шуми ПШС Лешница Тетово.

Разгледувањето на истите ќе се врши во следниве термини: Во Скопје: АУОИ депо Миладиновци и депо Идризово на ден 10.08.2026 од 09:00 до 11:00 часот, во Скопје – Министерство за правда - КПУ Затвор Скопје на ден 10.08.2026 од 12:00 до 13:00 часот, во Гевгелија депо Гевгелија на ден 11.08.2026 од 11:00 до 12.00 часот, во Тетово - ЈП Национални шуми ПШС Лешница Тетово на ден 12.08.2026 од 10:00 до 11.00 часот.

  1. Продажбата се врши по пат на електронско јавно наддавање преку системот за електронско јавно наддавање на Агенцијата за управување со одземен имот, www.odzemenimot.gov.mk по принципот видено-понудено-купено.
  2. Понудувачите заинтересирани за купување на хаварисаните возила како старо железо се стекнуваат со право на учество на електронското јавно наддавање само доколку уплатат депозит за учество во висина од 1.287.000,00 денари и ги исполнуваат предвидените услови.
  3. 5. Јавното наддавање ќе се одржи само доколку учествуваат најмалку двајца понудувачи.
  4. На денот на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на веб страната со корисничкото име и шифрата.
  5. Наддавањето се врши ,,чекорно” со зголемување на вредноста со секој ,,чекор”. Прв чекор е потврдување на понудената почетна продажна цена, втор чекор е автоматско зголемување на понудата за 0,20 денари.
  6. Учесникот на наддавањето кој последен понудил највисока цена за еден килограм старо железо се стекнува со статусот најповолен понудувач и со него Агенцијата склучува Договор за продажба.
  7. По завршувањето на електронското наддавање записникот за спроведеното јавно наддавање се доставува до сите учесници кои учествувале на електронското јавно надавање.
  8. На понудувачите чија понуда не е прифатена, депозитот им се враќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавање.
  9. Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е да приложи Писмена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во износ од 1.930.500,00 денари, кој износ претставува 15% од ориентационата вредност на предметот на продажба. Банкарската гаранција да биде со рок на важност до целосното извршување на договорот. Доставата на гаранцијата се извршува непосредно пред потпишување на Договорот за продажба.
  10. Рокот за подигање на предметите изнесува 75 дена од потпишување на договорот за купопродажба.
  11. Сите трошоци во врска со преземањето на возилата од плацовите на Агенцијата за управување со одземен имот паѓаат на товар на купувачот.
  12. Информации во врска со продажбата, заинтересираните купувачи може да добијат на телефон (02) 3209-087,
  13. Овој оглас се објавува во дневните весници „Нова Македонија” и ,,Коха” како и на интернет страницата на Агенцијата за управување со одземен имот.

16. Објавата на овој оглас трае 15 дена, почнувајќи од 05.08.2026 година, заклучно со 19.08.2026 година.                   

Најави се


Регистрација на нов корисник

Физичко лице