Врз основа на член 40, член 42 став 2, член 43, член 44, член 45, член 46, член 47 и член 48 став 2 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/24, 37/25, 86/25, 101/25, 135/25 и 132/26), а во врска со Одлуките за продажба на одземен недвижен имот, донесени од Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 30 јуни 2026 година, под бр. 57-3943/6 од 02.07.2026 година, бр. 57-4187/5 од 03.07.2026 година и бр. 57-3947/6 од 02.07.2026 година, Агенцијата за управување со одземен имот, на 10 јули 2026 година, го објавува следниот:
ОГЛАС Бр. 10/2026
ЗА ПРОДАЖБА НА ТРИ (3) КОНФИСКУВАНИ ИМОТИ НА ПРВО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ
- ЗАКЛУЧОК бр. 08-3315/1 од 09.07.2026 година за продажба на конфискуван имот со јавно наддавање по електронски пат за
1) Се врши продажба на конфискуван имот, на прво јавно наддавање по електронски пат, и тоа:
– недвижен имот - апартман на ул. „Тодор Александров“ бр.79 Скопје, број на зграда 1, намена на зграда, намена на зграда/друг објект А4-7, влез 02, кат МА, број 47, намена на посебен/заеднички дел од зграда, со внатрешна површина од 199 м2, КП 2606 дел 1, КО Центар 2, запишан во Имотен лист бр.160819 и
– недвижен имот – помошна просторија на ул. „Тодор Александров“ бр.79 Скопје, број на зграда 1, намена на зграда, намена на зграда/друг објект А4-7, влез 02, кат МА, број 47, намена на посебен/заеднички дел од зграда ПП, со внатрешна површина од 48 м2, КП 2606 дел 1, КО Центар 2, запишан во Имотен лист бр.160819, 1/1 сопственост на Република Северна Македонија- Агенција за управување со одземен имот.
2) Продажбата на конфискуваниот имот под реден бр.1 од овој Оглас, ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Бирото за процени бр. CB/ELV3/26-5 од 07.04.2026 година, во износ од 52.088.040,00 денари.
3) Јавното наддавање за недвижноста од Заклучокот ќе се изврши електронски на ден 29.07.2026 година, со почеток во 09:00 часот и ќе трае 1 (еден) час и 30 (триесет) минути, односно до 10:30 часот.
4) Разгледување на објектот ќе се врши на ден 16.07.2026 година од 10:00 до 11:00 часот.
5) Објавата на овој оглас трае 15 (петнаесет) дена почнувајќи од 10.07.2026 год. заклучно со 24.07. 2026 год., а рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е до 24.07.2026 год. до 14:00 часот.
- ЗАКЛУЧОК бр. 08-3316/1 од 09.07.2026 година за продажба на конфискуван имот со јавно наддавање по електронски пат за
Реден бр. 2
- Се врши продажба на недвижен имот, на прво јавно наддавање по електронски пат, и тоа:
- недвижен имот - апартман на ул. „Тодор Александров“ бр.79 Скопје, број на зграда 1, намена на зграда, намена на зграда/друг објект А4-7, влез 01, кат СУ, број 2, намена на посебен/заеднички дел од зграда А, со внатрешна површина од 155 м2, КП 2606 дел 1, КО Центар 2, запишан во Имотен лист бр.160819 и
- недвижен имот – помошна просторија на ул. „Тодор Александров“ бр.79 Скопје, број на зграда 1, намена на зграда, намена на зграда/друг објект А4-7, влез 01, кат СУ, број 2, намена на посебен/заеднички дел од зграда ДПД, со внатрешна површина од 95 м2, КП 2606 дел 1, КО Центар 2, запишан во Имотен лист бр.160819, 1/1 сопственост на Република Северна Македонија- Агенција за управување со одземен имот.
2) Продажбата на конфискуваниот имот под Реден бр. 2 од овој Оглас, ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Бирото за процени бр. CB/ELV3/26-4 од 07.04.2026 година, во износ од 46.712.325,00 денари.
3) Јавното наддавање за конфискуваниот имот од Заклучокот ќе се изврши електронски на ден 29.07.2026 година, со почеток во 11:00 часот и ќе трае 1 (еден) час и 30 (триесет) минути, односно до 12:30 часот.
4) Разгледување на објектот ќе се врши на ден 16.07.2026 година од 11:30 до 12:30 часот.
5) Објавата на овој оглас трае 15 (петнаесет) дена почнувајќи од 10.07.2026 год. заклучно со 24.07.2026 год., а рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е до 24.07.2026 год. до 14:00 часот.
- ЗАКЛУЧОК бр. 08-3317/1 од 09.07.2026 година за продажба на конфискуван имот со јавно наддавање по електронски пат за
- Се врши продажба на недвижен имот, на прво јавно наддавање по електронски пат, и тоа:
- недвижен имот - апартман на ул. Тодор Александров бр.79 Скопје, број на зграда 1, намена на зграда, намена на зграда/друг објект А4-7, влез 02, кат МА, број 48, намена на посебен/заеднички дел од зграда А, со внатрешна површина од 200 м2, КП 2606 дел 1, КО Центар 2, запишан во Имотен лист бр.160819 и
- недвижен имот – помошна просторија на ул. Тодор Александров бр.79 Скопје, број на зграда 1, намена на зграда, намена на зграда/друг објект А4-7, влез 02, кат МА, број 48, намена на посебен/заеднички дел од зграда ПП, со внатрешна површина од 48 м2, КП 2606 дел 1, КО Центар 2, запишан во Имотен лист бр.160819, 1/1 сопственост на Република Северна Македонија - Агенција за управување со одземен имот.
- Продажбата на конфискуваниот имот под Реден бр.3 од овој Оглас, ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Бирото за процени бр. CB/ELV3/26-6 од 07.04.2026 година, во износ од 52.307.472,00 денари.
- Јавното наддавање за недвижноста од овој Заклучок ќе се изврши електронски на ден 07.2026 година, со почеток во 13:00 часот и ќе трае 1 (еден) час и 30 (триесет) минути, односно до 14:30 часот.
- Разгледување на објектот ќе се врши на ден 16.07.2026 година од 13:00 до 14:00 часот.
- Објавата на овој оглас трае 15 (петнаесет) дена почнувајќи од 10.07.2026 год. заклучно со 24.07.2026 год., а рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е до 24.07.2026 год. до 14:00 часот.
ЗАЕДНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА
- Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите заинтересирани физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на одземените предмети и конфискуваниот имот на територија на Р.С. Македонија согласно закон и кои ги исполнуваат условите дадени во Заклучокот, освен Лица вработени во АУОИ, други лица кои службено учествувале во постапката, осуденото лице против кое се водела судската или прекршочната постапка, брачен другар, вонбрачен другар, роднина во права линија или до четврти степен во странична линија на вработените и на осуденото лице или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка, правни лица или одговорни лица во правните лица или бранителот или правниот застапник на правното лице во кое осуденото лице е сопственик на најмалку 25 % од сите акции или се наоѓа на раководна позиција.
- Во цената на предметот не се вклучени дополнителни давачки и трошоци.
- Продажбата ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање преку системот за електронско јавно наддавање на Агенцијата за управување со одземен имот odzemenimot.gov.mk.
- Објавата на овој оглас трае 15 (петнаесет) дена почнувајќи од 10.07.2026 год. заклучно со 24.07.2026 год.
- Рок за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е до 24.07.2026 год. до 14:00 часот.
- Пријавата за учество на јавното наддавање заедно со потребната документација
да се поднесе преку Архивата на Агенцијата за управување со одземен имот, (Пријавата може да се подигне од архивата на Агенцијата за управување со одземен имот или да се симне на веб страната http://www.odzemenimot.gov.mk). (Образец - Пријава за продажба на недвижност по пат на електронско јавно наддавање која понудувачите ја поднесуваат по писмен пат.)
- Пријавата за учество во хартиена форма со потребната документација и тоа:
- доказ за платен депозит- уплатница (оргинал или заверена на нотар),
- доказ за идентитет: копија од лична карта или патна исправа за физички лица,
- тековна состојба од Централен регистар на Р.С.М за правни лица (оргинал или заверена на нотар)
- изјава(заверена на нотар)со која изјавува дека како купувач не е лице вработено во АУОИ или лице кое службено учествувало во постапката за продажба или учествувало во кривичната или прекршочната постапка или е осудено лице против кое се водела судската или прекршочната постапка,не е брачен другар, вонбрачен другар, роднина во права линија или до четврти степен во странична линија на вработените и на осуденото лице или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка, не е управител на правно лица или одговорно лице во правното лице или бранителот или правниот застапник на правното лице во кое осуденото лице е сопственик на најмалку 25 % од сите акции или се наоѓа на раководна позиција,
преку архивата на Агенцијата за управување со одземен имот се приложува во
затворен внатрешен плик кој го содржи називот на пријавениот кандидат со
целосна и точна адреса. Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој го содржи називот на договорниот орган со точна адреса, го содржи бројот на огласот, во горниот лев агол стои назнака „не отворај”, да не се отвара пред времето и датумот за отворањето.
- За подносителите со комплетна документација Комисијата за продажба во рок од три дена од истекот на рокот за поднесување на пријавите, ќе ги извести потенцијалните купувачи, дека имаат право да учествуваат на електронското јавно наддавање.
- Лицата заинтересирани за купување на недвижноста ќе може да учествуваат на електронското јавно наддавање доколку положат гаранција во висина од 10% од утврдената вредност од недвижноста од точка 1),на овој заклучок, на буџетска сметка 100000000063095 при НБРМ подсметка (сметка на буџетски корисник) 040136140969619,приходна шифра 725939 програма 20.На понудувачите чија понуда не е прифатена, гаранцијата им се враќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавање.
- Јавното надавање нема да се одржи доколку се јави само еден понудувач.
- Условите за продажба и постапката за начинот на наддавањето можат да се видат на линкот https://odzemenimot.gov.mk/shop/, во делот Лицитации, Упатство за лицитирање.
- По завршување на електронското јавно надавање записникот за спроведеното јавно надавање се доставува до сите учесници кои учествувале на електронското јавно наддавање.
- Најповолниот понудувач- Купувачот е должен цената да ја уплати веднаш по заклучувањето на јавното наддавање,а гаранцијата му се враќа откако ќе изврши уплата на целиот износ од остварената продажба и тоа: 7% од понудената цена да уплати на посебна приходна шифра на депозитната сметка на Агенцијата за управување со одземен имот, образец ПП50:буџетска сметка 100000000063095 при НБРМ подсметка (сметка буџетски корисник) 040136140969619, приходна шифра 723220, програма 20, додека останатиот дел, односно 93% од понудената цена на друга посебна приходна шифра на депозитната сметка на Агенцијата, образец ПП50:буџетска сметка 100000000063095 при НБРМ подсметка (сметка буџетски корисник) 040136140969619, приходна шифра 722115, програма 20.
- Данокот на промет на недвижноста паѓа на товар на купувачот.
- По уплатата на цената на недвижноста, Агенцијата во рок од три дена донесува заклучок за извршена продажба кој претставува правна основа за стекнување на правото на сопственост.
- По извршената уплата на цената од страна на купувачот, во рок од осум дена Агенцијата донесува заклучок за предавање на недвижноста во владение на купувачот.
- На недвижноста од точка 1), од овој заклучок не постои законско или укнижено право на уживање или укнижено право на станување (домување), како и полски и куќни службености. Овој заклучок се објавува во ‘‘Службен Весник на Република Северна Македонија’’, во дневните весници „Нова Македонија„ и „Коха„ и на интернет страницата на Агенцијата за управување со одземен имот.
- Информации во врска со продажбата, заинтересираните купувачи можe да добијат на телефон 3254-380.