Врз основа на член 40, член 42 став 2, член 43, член 44, член 45, член 46 и член 47 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (*) (‘‘Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.64/24, 37/25, 86/25, 101/25 и 135/25), а во врска со Одлуката за продажба на конфискуван имот донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија бр.57-356/9 од 28.05.2026 год, Агенцијата за управување со одземен имот на 16.06.2026 година го објавува следниот:
ЗА ПРОДАЖБА НА КОНФИСКУВАН ИМОТ НА ПРВО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ
за продажба на недвижност со јавно наддавање по електронски пат
1). Се врши продажба на конфискуван имот, кој се наоѓа на КП 4999, КО Бутел:
запишан во Имотен лист бр.100225, место викано Хо Ши Мин, сопственост на Република Северна Македонија- Агенција за управување со одземен имот и тоа:
-катастарска култура дворно место, со површина од 218 м2;
-катастарска култура, земјиште под зграда 1, со површина од 105 м2;
-број на зграда1, намена на зграда А1, влез 1, кат ПО, број 1, намена на посебен/заеднички дел од зграда помошна просторија, со внатрешна површина од 28 м2 и
-број на зграда1, намена на зграда А1, влез 1, кат ПР, број 1, намена на посебен/заеднички дел од зграда стан, со внатрешна површина од 93 м2.
2). Продажбата на конфискуваниот имот од точка 1 од овој Заклучок, ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Биро за процени бр. СВ/EL V 3/26-9 од 19.03.2026 година, во износ од 3.960.276,52 денари.
3). Јавното наддавање за недвижноста од Заклучокот ќе се изврши електронски на ден 03.07.2026 год. со почеток во 09 часот и ќе трае 15 минути.
4) Разгледувањето на недвижноста ќе се врши на ден 19.06.2026 година од 10:00 до 11:00 часот.
5) Објавата на овој оглас трае 15 (петнаесет) дена почнувајки од 17.06.2026 год. заклучно со 01.07. 2026 год., а рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е до 01.07. 2026 год. до 14:00 часот.
1) Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите заинтересирани физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на одземените предмети и конфискуваниот имот на територија на Р.С. Македонија согласно закон и кои ги исполнуваат условите дадени во Заклучокот, освен Лица вработени во АУОИ, други лица кои службено учествувале во постапката, осуденото лице против кое се водела судската или прекршочната постапка, брачен другар, вонбрачен другар, роднина во права линија или до четврти степен во странична линија на вработените и на осуденото лице или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка, правни лица или одговорни лица во правните лица или бранителот или правниот застапник на правното лице во кое осуденото лице е сопственик на најмалку 25 % од сите акции или се наоѓа на раководна позиција.
2)Во цената на предметот не се вклучени дополнителни давачки и трошоци.
5.Рок за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е до 01.07.2026 год. до 14:00 часот.
6.Пријавата за учество на јавното наддавање заедно со потребната документација
да се поднесе преку Архивата на Агенцијата за управување со одземен имот,(Пријавата може да се подигне од архивата на Агенцијата за
управување со одземен имот или да се симне на web страната http://www.odzemenimot.gov.mk
). (Образец - Пријава за продажба на недвижност по пат на електронско јавно
наддавање која понудувачите ја поднесуваат по писмен пат.)
-доказ за платен депозит- уплатница (оргинал или заверена на нотар),
-доказ за идентитет: копија од лична карта или патна исправа за физички лица,
-тековна состојба од Централен регистар на Р.С.М за правни лица (оргинал или заверена на
нотар)
- изјава (заверена на нотар) со која изјавува дека како купувач не е лице вработено во АУОИ или лице кое службено учествувало во постапката за продажба или учествувало во кривичната или прекршочната постапка или е осудено лице против кое се водела судската или прекршочната постапка,не е брачен другар, вонбрачен другар, роднина во права линија или до четврти степен во странична линија на вработените и на осуденото лице или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка, не е управител на правно лица или одговорно лице во правното лице или бранителот или правниот застапник на правното лице во кое осуденото лице е сопственик на најмалку 25 % од сите акции или се наоѓа на раководна позиција,
преку архивата на Агенцијата за управување со одземен имот се приложува во
затворен внатрешен плик кој го содржи називот на пријавениот кандидат со
целосна и точна адреса. Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој го содржи називот на договорниот орган со точна адреса, го содржи бројот на огласот, во горниот лев агол стои назнака „не отворај” , да не се отвара пред времето и датумот за отворањето.
8.За подносителите со комплетна документација Комисијата за продажба во рок од три дена од истекот на рокот за поднесување на пријавите, ќе ги извести потенцијалните купувачи , дека имаат право да учествуваат на електронското јавно наддавање.
11.Условите за продажба и постапката за начинот на наддавањето можат да се видат на линкот https://odzemenimot.gov.mk/shop/, во делот Упатство за лицитирање.
12.По завршување на електронското јавно надавање записникот за спроведеното јавно надавање се доставува до сите учесници кои учествувале на електронското јавно наддавање.
18.Информации во врска со продажбата, заинтересираните купувачи можe да добијат на телефон 3254-380.