РЕГИСТРИРАЈ СЕ     
ПОЧЕТНА
ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЛЕЖНОСТИ
ЗАКОНИ И ПОДЗАКОНСКИ АКТИ
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
ПРАШАЊА И ПРЕДЛОЗИ
КОНТАКТ
ЗА НАС
СТРАТЕГИИ
ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИИ
 
Надлежности на Агенцијата за управување со одземен имот
 

Надлежности на Агенцијата за управување со одземен имот

 

                Надлежности на Агенцијата согласно Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети:

- Агенцијата  управува, менаџира со конфискуваниот имот, имотна корист и одземените предмети во кривична и прекршочна постапка.

-  Агенцијата постапува со одземениот имот согласно со начелото на добар домаќин и добар стопанственик и ги презема сите мерки за чување и одржување на привремено одземениот движен и недвижен имот.

-  Агенцијата го чува и складира одземениот имот, врши процена на неговата пазарна вредност, води евиденција на целокупниот одземен имот.

- Агенцијата спроведува постапка за продажба на одземениот движен и недвижен имот по пат на  електронско јавно наддавање и средствата добиени од продажбата ги уплаќа во Буџетот на Република Македонија.

- Агенцијата со претходна согласност на судот може да донесе одлука и да спроведе постапка за продажба на привремено одземениот подвижен имот доколку процени дека со чувањето на стварта се намалува неговата вредност или трошоците за негово чување се несразмерно големи и средствата добиени од продажбата се уплатуваат на посебна приходна сметка на Агенцијата.

- Агенцијата отстапува без надоместок одземени предмети со правосилна одлука на други државни органи, по претходна согласност на Владата на Република Македонија.

-Агенцијата може одредени предмети како храна, облека и безалкохолни пијалоци да ги отстапи без надоместок на државни органи, здруженија на граѓани и фондации, за што ја известува Владата на Република Македонија.

- Агенцијата постапува и со ствари надвор од промет и тоа со: одземени наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, одземено оружје, муниција и експлозивен материјал.

-Агенцијата одземениот имот кој не може да се продаде поради здравствени, ветеринарни, фитосанитарни, безбедносни и други причини, како и тутунски, алкохолни и други производи за кои не постои декларација или доколку се фалскификати се уништуваат.

-  Дава мислења на други државни органи во врска со примената на законот и конфискацијата на имот, имотна корист и одземени предмети.

 

 

 



Влада на Република Северна Македонија
Претседател на Република Македонија
Собрание на РСМ
Министерство за правда
Судови на РМ
Царинска Управа на Република Македонија
Ден на дрвото, Ноември 2012
 

(c) Copyright 2009, Агенција за управување со одземен имот, Република Македонија

Site Meter