Врз основа на член 22 - г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14 и 27/16 и 35/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија 143/19 и , /20 и 208/24) и член 22, член 23 и член 24 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21 ,288/21, 111/23 , 39/25 и 74/25 ), членот 2 од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република С.Македонија” бр 242/2024), Агенцијата за управување со одземен имот објавува:
Агенцијата за управување со одземен имот има потреба од вработување на 1 (едно) помошно-техничко лице на неопределено време за следното работно место:
Помошно – техничко лице (Чувар Портир II), шифра УПР0402А02001 во Одделение за евиденција и преземање на одземен имот при Секторот за оперативно работење, со локација на работно место во Гевгелија, -1 извршител.
Работно време од понеделник до недела 8 часа дневно,40 часа во текот на неделата и работа во смени
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места на Агенцијата за управување со одземен имот.
Рокот за доставување на пријавaта со потребните документи изнесува 3 работни денa од денот на објавување на огласот. Условите наведени во огласот кандидатот треба да ги исполнува во моментот на пријавувањето.
По истекот на рокот за пријавување, изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Kандидатите се должни да поднесат Пријава за вработување, како и докази за исполнување на општите и посебните услови наведени во јавниот оглас, во оригинал или заверени на нотар и тоа:
Пријавата за Огласот може да се подигне од архивата на Агенцијата за управување со одземен имот или да се преземе од веб страната на Агенцијата: www.odzemenimot.gov.mk
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка по овој оглас.
Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција формирана од страна на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот.
Јавниот Оглас ќе биде објавен на ВЕБ страната на Агенцијата за управување со одземен имот и во најмалку 2 (два) дневни весници од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. (,,Нова Македонија” и ,,Коха”).
Кандидатите, пополнетата пријава и комплетната документација со која се докажува исполнувањето на условите од јавниот оглас, треба да ја достават во затворен плик во архивата на Агенцијата за управување со одземен имот или по пошта согласно рокот до 23.01.2026 до 15:00 часот на следната адреса:
со назнака: “ За Јавен оглас за вработување бр. 01/2026”, а во левиот агол на пликот назнака “не отварај”