Врз основа на членовите од 40 до 52 и член 73 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка („Службен весник на Р.С. Македонија” бр. 64/24, 37/25, 86/25, 101/25, 135/25, 132/26 и 212/26), а во врска со Правилникот за постапување со одземен имот („Службен весник на Р.С. Македонија” бр. 173/26) и согласно донесената Одлука за продажба на одземени подвижни предмети – отпадни возила со третман на отпаден материјал бр. 02-4744/3 од 29.09.2026 година, донесена од страна на Управниот одбор, Агенцијата за управување со одземен имот на ден 05.10.2026 година го објавува следниот:
ОГЛАС БР. 15/2026
За продажба на одземени подвижни предмети – отпадни возила со третман на отпаден материјал, по пат на прво јавно наддавање по електронски пат
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
- Продавач на одземените подвижни предмети – отпадни возила со третман на отпаден материјал е Агенцијата за управување со одземен имот, со седиште на бул. „Киро Глигоров“ бр. 4, 1000 Скопје.
II. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА
- Предмет на продажба се вкупно 1048 подвижни предмети – отпадни возила (патнички и товарни моторни возила, мотоцикли, трактори, приколки) кои се продаваат во пакет за третман и преработка на отпаден материјал. Листата со детален опис на предметите е објавена на веб-страницата на Агенцијата во делот „Огласи“: http://www.odzemenimot.gov.mk/oglasi.
III. ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ, ПОЧЕТНА ЦЕНА, ДЕПОЗИТ ЗА УЧЕСТВО И ГАРАНЦИЈА
- Проценката на возилата е извршена согласно Проценките на Министерство за правда – Биро за судски вештачења бр: СВ V 2/26-55 од 08.06.2026 година; СВ V 2/26-54 од 08.06.2026 година; СВ V 2/25-66 од 15.03.2026 година; СВ V 2/26-16 од 23.04.2026 година; СВ V 2/25-47 од 06.04.2026 година, СВ V 2-26-52 од 04.08.2026, СВ V 2-26-51 од 04.08.2026.
- Проценети се 1048 отпадни возила на кои им е даден статус на отпаден материјал. Точната количина во килограми ќе се утврди на денот на мерењето и ќе се документира со кантарски белешки, по што ќе се изврши фактурирање според точната измерена маса.
- За сите возила заедно, почетната цена за продажба на електронското јавно наддавање изнесува 13 (тринаесет) денари за еден килограм старо железо/отпаден метал без ДДВ. Агенцијата за управување со одземен имот не е ДДВ обврзник.
- Депозитот за учество на електронското јавно наддавање изнесува 1.362.400,00 денари (10% од вкупната ориентациона вредност) и се уплаќа на буџетска сметка 100000000063095 при НБРСМ (потсметка) - сметка на корисник 040136140969619, приходна шифра 725939, програма 20, со цел на дознака: „депозит за јавно наддавање по Оглас бр. 15/2026“.
- Понудувачот-купувач во рок од 15 дена од заклучувањето на постапката за електронското јавно наддавање е должен да склучи Договор за купопродажба и да приложи банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во износ од 2.043.600,00 денари.
- Купувачот е известен и се обврзува дека со сите преземени возила, нивните делови и опасни течности ќе постапи во целост согласно Законот за управување со посебните текови на отпад, Законот за управување со отпад и Правилникот за начинот на третман и складирање на отпадните возила и минималните технички услови за местата за складирање и третман (вклучувајќи задолжителна деполуција/отстранување на опасни материи, течности, акумулатори и соодветно рециклирање).
IV. ДАТУМ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
- Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница: www.odzemenimot.gov.mk преку системот за електронско јавно наддавање на Агенцијата за управување со одземен имот.
- Јавното наддавање ќе се одржи на ден 20.10.2026 година, со почеток во 10:00 часот и ќе трае до 11:30 часот (1 час и 30 минути).
V. ПРАВО НА УЧЕСТВО
- На јавното наддавање можат да учествуваат сите заинтересирани правни лица (овластени оператори) кои ги исполнуваат условите од Огласот и поседуваат важечка дозвола за собирање, складирање, третман и/или преработка на отпадни возила, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање (со впишана шифра 16 01 04* од Листата на видови отпад), согласно Законот за управување со посебните текови на отпад и Законот за управување со отпад.
- Право на учество на јавното наддавање немаат: вработените во АУОИ, други лица кои службено учествувале во постапката, осуденото лице против кое се водела судската или прекршочната постапка, брачен другар, вонбрачен другар, роднина во права линија или до четврти степен во странична линија на вработените и на осуденото лице или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка, правни лица или одговорни лица во правните лица или бранителот или правниот застапник на правното лице во кое осуденото лице е сопственик на најмалку 25 % од сите акции или се наоѓа на раководна позиција.
VI. ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА УЧЕСНИЦИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ЈА ДОСТАВАТ
Потребна е претходна електронска регистрација на: http://www.odzemenimot.gov.mk. Потребната документација во хартиена форма се поднесува преку Архивата на Агенцијата за управување со одземен имот во двоен затворен плик. Внатрешниот плик треба да го содржи називот на пријавениот кандидат со целосна и точна адреса. Истиот се приложува во затворен надворешен плик кој е адресиран со точна адреса на договорниот орган, го содржи бројот на огласот, во горниот лев агол стои назнака „не отворај”.
Документите кои треба да се достават (оригинал или нотарски заверена копија, не постари од 6 месеци) се:
- Пријава за учество: Пополнета пријава, се презема од Веб страната на Агенцијата: Лицитации>Правила за лицитирање>Образец-Пријава за продажба на подвижен предмет
- Депозит: Доказ за платен депозит за учество (10%).
- Изјава: Нотарски заверена Изјава за исполнување на условите од Глава V, точка 2 од овој Оглас, се презема од Веб страната на Агенцијата https://odzemenimot.gov.mk/wp-content/uploads/2025/03/ИЗЈАВА-на-нотар.pdf.
- Изјава: Нотарски заверена ,,Изјава од овластено лице на понудувачот со која, под полна материјална и кривична одговорност, потврдува и се обврзува дека со сите преземени отпадни возила, нивните компоненти, резервни делови и опасни течности ќе постапи во целост согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, Законот за управување со отпад и соодветните подзаконски акти, односно дека врз истите ќе спроведе задолжителна постапка за деполуција (отстранување на опасните материи и течности), расклопување, третман и соодветна преработка/рециклирање.“
- Доказ за идентитет: Тековна состојба од Централниот регистар на РСМ.
- Потврди за способност:
- Потврда дека не е отворена постапка за стечај;
- Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација;
- Потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од УЈП;
- Потврда за неизречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност и споредна казна-привремена забрана за вршење одделна дејност.
- Техничка и кадровска опременост:
- Доказ за сопственост или право на користење на минимум 2 (две) товарни возила опремени со авто-дигалки (грејфер) за безбеден утовар и транспорт на отпадни возила;
- Доказ за сопственост или право на користење на најмалку 1 (една) мобилна преса за балирање/компактирање на отпаден метал, а доколку не постои соодветна евиденција, регистрација или заведување – нотарски заверена изјава за сопственост.
- Калибрирана вага (Колска вага) со приложена важечка потврда/верификација за жигосување (баждарење) издадена од Биро за метрологија или овластено правно лице.
- Дозволи и лиценци:
- Дозвола за вршење на дејност складирање и третман/преработка на отпадни возила (со впишана шифра 16 01 04*), издадена од МЖСПП;
- Дозвола за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад;
- Лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај (превоз за сопствени потреби).
VII. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА
Рокот за поднесување на пријавите со документацијата е до 16.10.2026 година, заклучно до 14:00 часот.
VIII. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАДДАВАЊЕТО
- Електронското јавно наддавање се спроведува согласно Упатството за постапка за спроведување на јавно наддавање за продажба на одземени предмети (арх. бр. 01-1883/2 од 24.06.2026 година). Видно на веб страната на Агенцијата во делот Лицитации>Правила за лицитирање.
- Продажбата на отпадните возила се врши во пакет (вкупно 1048 возила) лоцирани во: депо Миладиновци (Скопје), депо Идризово (Скопје), КПУ Затвор Скопје, депо Гевгелија, ЈП Национални шуми ПШС Лешница Тетово, МВР СВР Гостивар во ПС Гостивар, ПО Галате и БПС Гостивар. Додека разгледувањето ќе се врши во следните термини:
| Локација / број на возила по локација |
Датум |
Време (часот) |
| АУОИ депо Миладиновци и депо Идризово-Скопје (468+281) |
07.10.2026 |
09:00 - 11:00 |
| КПУ Затвор Скопје (52) |
07.10.2026 |
12:00 - 13:00 |
| Депо Гевгелија (19) |
08.10.2026 |
11:00 - 12:00 |
| ЈП Национални шуми ПШС Лешница Тетово (170) |
09.10.2026 |
09:00 - 10:00 |
| МВР СВР Гостивар-ПО БПС Гостивар (3) |
09.10.2026 |
10:30-11:00 |
| МВР СВР Гостивар-ПС Гостивар (12+1) |
09.10.2026 |
11:30-12.30 |
| МВР СВР Гостивар-ПО Галате (11+31) |
09.10.2026 |
13:00-14:00 |
- Продажбата се врши по принципот „видено-понудено-купено“.
- Право на наддавање имаат лицата кои ги исполнуваат условите и уплатиле депозит.
- Јавното наддавање ќе се одржи доколку учествуваат најмалку двајца квалификувани понудувачи.
- Наддавањето се врши ,,чекорно” со зголемување на вредноста со секој ,,чекор”. Прв чекор е потврдување на понудената почетна продажна цена, втор чекор е автоматско зголемување на понудата за 0,20 денари по килограм над почетната цена.
- Учесникот кој по истекот на предвиденото време на јавното наддавање последен понудил највисока цена за еден килограм старо железо се стекнува со статусот најповолен понудувач и со него Агенцијата ќе склучи Договор за продажба.
- По завршувањето на електронското наддавање, записникот за спроведената постапка се доставува до сите учесници на наддавањето.
- На понудувачите чија понуда не е прифатена, депозитот им се враќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавање.
- Најповолниот понудувач е должен, пред потпишување на договорот да приложи банкарска гаранција од 2.043.600,00 денари, со рок на важност до целосна реализација на договорот.
- Рокот за подигање, транспорт и чистење на теренот од преземените возила изнесува 75 дена од потпишувањето на договорот. Сите трошоци за утоварување, мерење и транспорт се на товар на купувачот.
За дополнителни информации: тел. (02) 3209-087.
Огласот се објавува во дневните весници „Нова Македонија” и „Коха”, како и на веб-страницата на АУОИ.
Агенција за управување со одземен имот