Работен состанок на Агенцијата за управување со одземен имот и ГИЗ
- 2025-02-10
Денес, директорката на Агенцијата за управување со одземен имот, Ирена Илиевска, оствари работен состанок со претставници на Германското здружение за меѓународна правна соработка (ГИЗ).
Средбата беше посветена на разгледување на можностите за поддршка и заедничка соработка во областа на социјалната пренамена на одземениот имот, како и други аспекти кои можат да се подобрат со споделување на искуства и ресурси.
Директорката Илиевска ја потврди континуираната заложба на Агенцијата за постојано усовршување и унапредување на процесите на управување со одземениот имот, со цел подобрување на функционирањето на оваа важна институција и нејзината позитивна улога во општеството.
На работниот состанок се разговараше и за можностите за реализација на нови заеднички проекти кои ќе овозможат понатамошна интеграција на принципите на социјалната одговорност и корисна реупотреба.
ГИЗ и Агенцијата за управување со одземен имот имаат долгогодишна соработка и заеднички имаат реализирано низа успешни проекти, а оваа средба е само еден од многуте чекори кои се направени во насока на унапредување на работата.