Социјалната реупотреба на конфискувани средства претставува клучен чекор кон поотпорно општество!
- 2025-01-08
Конфискуваните средства стекнати преку криминал не треба да се гледаат само како загуба, туку како можност за создавање на позитивни промени во општеството.
Преку нивната реупотреба за социјални односно општествени цели, ние не само што ја засилуваме борбата против организираниот криминал, туку и создадаваме основи за изградба на мостови помеѓу граѓаните и државните органи.
Таквите средства можат да бидат насочени кон образовни, здравствени, и социјални иницијативи кои го подобруваат квалитетот на животот на сите нас. Со ова, заедно градеме поотпорно општество, каде правдата не е само на хартија, туку живее во секој аспект на нашето секојдневие.