Работна посета на плацевите и магацините лоцирани во Идризово, Миладиновци и Тетово
- 2024-09-24
Денеска директорката заедно со дел од администрацијата оствари работна посета на плацевите и магацините лоцирани во Идризово, Миладиновци и Тетово.
Направен е увид на условите и состојбата во која се наоѓаат магацините, плацевите и стоката која е сместена во истите. Воедно, директорката се запозна со работата на самите вработени во овие магацини.
Се разговараше за сите недостатоци кои се затекнати и се направи план за понатамошна работа, средување на магацините и подобрување на условите на самите вработени.