Работен Агенцијата за управување со одземен имот и „Национални шуми“
- 2024-09-23
Денес, во просториите на Агенцијата за управување со одземен имот беше одржан работен состанок помеѓу директорката на Агенцијата за управување со одземен имот, Г-ѓа Ирена Илиевска и директорот на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“, Г-дин Здравко Трајанов, со цел воспоставување на континуирана успешна соработка, разгледување на состојбата и реализација на заедничките идни активности.
На состанокот се дискутираше за надминување на предизвиците во рамките на взаемните капацитети и новите законски решенија во врска со постапките и преземањето на одземените моторни возила кои што се сместени на локациите на ЈП „Национални шуми“.
Воедно на состанокот од двете страни беше изразена желбата за интензивирање и зајакнување на соработката, за чија цел како идна активност ќе биде склучен Меморандум за соработка.
