Посета и обиколка на Магацинот Депо Гевгелија , РЦ за ГР Југ Камп Винојуг Гевгелија и Граничен Премин ЦИ Богородица
- 2024-09-25
Директорката г-ѓа Ирена Илиевска заедно со своите соработници денеска во посета и обиколка на Магацинот Депо Гевгелија , РЦ за ГР Југ Камп Винојуг Гевгелија и Граничен Премин ЦИ Богородица.
Директорката одржа работна средба со вработените во Депо Гевгелија се запозна со условите за работа , го посети магацинот во кој што се чува превземената стока од царинските испостави, судовите и полициските станици.
Беше остварена средба со Началникот на РЦ за ГР Југ г-дин Никола Кимов и Заменик Управник г-дин Димитар Вегов на која се разговараше за актуелните проблеми, нивното надминување и интензивирањето на активностите за превземањето на моторните возила и одземената стока.