Мултилатерален договор за соработка
- 2025-11-27
Денес, 27 ноември 2025 година во Подгорица, Црна Гора, директорите на трите национални Агенции за управување со одземен имот, Ирена Илиевска, директор на Агенцијата за управување со одземен имот на Република Северна Македонија, Emir Bašić, директор на Агенцијата за управување со одземен имот на Босна и Херцеговина, и Koča Đurišić, директор на Управата за државен имот на Црна Гора – ја финализираа подготовката и го потпишаа мултилатералниот Меморандум за соработка.
Настанот е спроведен со целосна поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) Скопје, во рамки на проектот EU4FAST-WB, кои преку својата континуирана техничка и стратешка помош овозможуваат унапредување на регионалната соработка и зајакнување на капацитетите за управување со одземен имот.
Со документот, трите институции се обврзуваат на:
- редовна размена на информации и експертиза,
- заедничко учество во стручни процени и оперативни активности,
- развој на унифицирани методологии и индикатори,
- јакнење на институционалните капацитети и регионалната соработка.
Овој чекор претставува значајно унапредување на партнерството меѓу трите земји и потврда на нивната посветеност за воспоставување модерни, транспарентни и ефективни системи за управување со одземениот имот.










