Бул.Киро Глигоров бр.4

info@odzemenimot.gov.mk

Работно време: 07:30 (08:30) - 15:30 (16:30)

Архива: до 14 часот

МЕЃУНАРОДНА КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЛЕГАЛНИ СРЕДСТВА

Со координираните напори на истражните органи од Р.С.Македонија и Соединетите Американски Држави, судството, обвинителствто и Агенцијата за управување со одземен имот, успешно беше извршена меѓународна конфискација на незаконски стекнати парични средства. Агенцијата во Државниот БУЏЕТ префрли вкупно 509.360 денари и 412.000 долари.

Оваа важна акција е резултат на континуирана и силна соработка помеѓу релевантните институции, како и почитување на меѓународните стандарди за спречување на организиран криминал, перење пари и финансирање на тероризам.

Со оваа конфискација, ставен е крај на нелегитимните активности, а конфискуваните средства ќе бидат искористени за поддршка на дополнителни мерки за обезбедување правичност и безбедност во земјата проследувајќи ја пораката: КРИМИНАЛОТ НЕ СЕ ИСПЛАТИ!!!

Овој успех е пример за силата на заедничката работа и меѓународната соработка, која продолжува да ја засилува борбата против криминалот и да обезбедува стабилност и правда за сите.

Најави се


Регистрација на нов корисник

Физичко лице