Во просториите на Агенцијата за управување со одземен имот се одржа крводарителска акција
- 2024-09-25
Денес, 25.10.2024 година, во просториите на Агенцијата за управување со одземен имот се одржа крводарителска акција во која учествуваа голем број вработени лица, во даруванье на крв како најскапоцената течност.
Во соработка со Црвен крст и со Институтот за трансфузиона медицина, Агенцијата за управување со одземен имот организираше крводарителска акција која има тенденција да премине во традиционален чин на хуманост во своите редови.
Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години со добра општа здравствена состоба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно кводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.
Со негување на традицијата на овие крводарителски акции, Агенцијата за управување со одземен имот ja потврдува својата заложба и посветеноста за унапредување на општествената одговорност.