Бул.Киро Глигоров бр.4

info@odzemenimot.gov.mk

Работно време: 07:30 (08:30) - 15:30 (16:30)

Архива: до 14 часот

Агенцијата за управување со одземен имот реализираше донација за општествени цели, која се состои од запленето тропско овошје, наменето за неколку важни институции

Агенцијата за управување со одземен имот реализираше донација за општествени цели, која се состои од запленето тропско овошје, наменето за неколку важни институции.

Оваа значајна донација ќе биде искористена од страна на:

  • ЈУ Ученички дом ,,Професор Мијалковиќ”- Куманово, каде овошјето ќе биде распределено за учениците сместени во домот, како и на корисниците на социјални услуги, кои бесплатно ги користат капацитетите на Народната кујна, обезбедувајќи храна за себе и своите семејства.
  • ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија,
  • Дневен центар за лица со попреченост – Гевгелија,
  • КПУ Затвор Гевгелија,
  • ЈОУ Детска радост – Гевгелија.

Оваа донација е од особена важност за овие институции во нивното секојдневно функционирање, и истата ќе има позитивно влијание на благосостојбата на корисниците на нивните услуги.

Најави се


Регистрација на нов корисник

Физичко лице