Бул.Киро Глигоров бр.4

info@odzemenimot.gov.mk

Работно време: 07:30 (08:30) - 15:30 (16:30)

Архива: до 14 часот

Упатство за лицитирање

ПРАВО НА УЧЕСТВО

 Право на учество на јавното наддавање имаат:

  1. Физички лица
  2. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост и правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирано во Централен регистар на Република Македонија.

НЕМААТ ПРАВО НА УЧЕСТВО

  • Вработените во Aгенцијата или други лица кои службено учествуваат во постапката за продажба
  • Осуденото или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање, согласно условите од електронската објавата, 

  1. Електронска пријава, пополнета од самиот подносител-лицитатор, во која се наведени неговите податоците во пријавата
  2. Промени или откажување

Доколку не постојат технички услови да се спроведе електронско јавно наддавање, подносителите на комплетните пријави ке бидат дополнително известени со писмено или телефонско известување за тоа на кој начин ке се спроведе јавното наддавање.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на јавното наддавање ќе ја видите на самиот монитор

ДЕПОЗИТ 

  1. Депозитот за учество на јавното наддавање изнесува 10 % од почетната цена на јавното наддавање и се плака во денари.  
  2. Депозитот се уплатува на образец ПП 50 вирмански, на Буџет на Република Македонија, Народна Банка на Република Македонија, сметка 100000000063095, подсметка на Агенцијата за управување со одземен имот 040136140969619 – Приходна шифра 722115  програма  20 со цел на дознака “депозит за јавно наддавање за  лицитација бр._____  ”,     а за физички лица во цел на дознака задолжително  да се напише бројот на трансакциска сметка.
  3. Депозитот се враќа на подносителите на пријавите за јавно наддавање кои нема да добијат во јавното наддавање.
  4. На понудувачите чии понуди не се прифатени им се земаат податоци кои што ќе послужат за враќање на депозитот во согласност со Објавата на начин на кој е извршена уплатата.
  5. Депозитот нема да му биде вратен на најповолниот понудувач кој понудил највисока цена ,ако во определениот рок од 15 дена не ги уплати средствата.

 

ПОСТАПКА 

  1. На денот на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на web страната со корисничкото име и шифрата.
  2. Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку двајца учесници во јавното наддавање и тоа за секое материјално добро посебно.
  3. Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од директорот на Агенцијата.
  4. Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на материјалното добро кое е предмет на објавата  а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците поединечно и постапно.
  5. Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор”. 
  6. Електронското јавното наддавање ќе трае определено време, при што доколку во истекот на последните три минути од страна на учесниците на електронското јавно наддавање биде дадена понуда, крајниот рок за завршување на електронското јавно наддавање се продолжува за уште седум минути.
  7. Учесникот на наддавањето кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
  8. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена по завршувањето на Јавното наддавање да ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето. 
  9. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок, ќе се смета дека  и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени.  
  10. Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на додадена вредност  што ќе произлезе како обврска при купувањето.
  11. Доколку се работи за материјални добра од странство купувачот е должен да ги надомести царинските увозни давачки.

Најави се


Регистрација на нов корисник

Физичко лице