Врз основа на член 62 став (5) од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.64/24, 37/25, 86/25, 101/25 и 135/25) и член 14, член 15, член 16, член 17, член 18, член 19 и член 20 од Правилникот за постапување на одземен имот („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.50/25 и 161/25), а во врска со Одлуката за продажба на акциите на Алта Банка АД Битола (поранешна Стопанска Банка АД Битола) во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот донесена од страна на Управниот Одбор на Агенцијата на седницата одржана на ден 14.05.2025 година и Одлуката за давање на согласност на Одлуката за продажба на акциите на Алта Банка АД Битола (поранешна Стопанска Банка АД Битола) во сопственост на Агенцијата, донесена од Владата на Република Северна Македонија бр. 50-5780/26 од 11.12.2025. Агенцијата за управување со одземен имот на ден 19.12.2025 година објавува:
ОГЛАС БР.11/2025
За продажба на обични акции на Алта Банка АД Битола (поранешна Стопанска Банка АД Битола) во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот кои ќе бидат понудени на продажба на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје по пат на јавна берзанска аукција
| Р.Бр | Акционерско друштво(назив и седиште) | Број на обични акции за продажба | Номинална вредност на акција | Учество на акциите на АУОИ во главнината на друштвото % | Сметка во ЦДХВ | Почетна продажна цена на една акција |
| 1. | Алта Банка АД Битола (поранешна Стопанска Банка АД Битола) | 7213 обични акции | 3.000,00 МКД | 1,84 | 1003396189 | 3.194,00 ден. |
Модел на продажба:
Акциите ќе се продаваат на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје по пат на јавна берзанска аукција според моделот “се или ништо„.
Со оглед на тоа што предмет на продажба се акции издадени од Алта Банка АД Битола (поранешна Стопанска Банка АД Битола), потребно е да се има предвид дека согласно Законот за Банки, доколку некој од купувачите се стекне со квалификувано учество мора претходно да има добиено согласност од НБРСМ.
Во Законот за банки е предвидено дека секое лице кое има намера, директно или индиректно, постапно или одеднаш, да стекне акции чиј вкупен кумулативен номинален износ изнесува или надминува 5%, 10%, 20%, 33%, 50% и 75% од вкупниот број на акции, односно од вкупниот број на издадени акции со право на глас во банката, без оглед на тоа дали акциите ги стекнува само илизаедно со други поврзани лица, директно или индиректно, е должно да поднесе барање до Народната банка за добивање претходна согласност.
Учесници во аукцијата кај продажбата на акции издадени од Алта Банка АД Битола (поранешна Стопанска Банка АД Битола) можат да бидат само купувачи што ги исполнуваат законските услови.
Јавната берзанска аукција ќе се одржи на ден 05, 08, 09, 12 и 13 јануари 2026 година.
Плаќањето се врши во готово во денари.
Порамнувањето треба да се изврши во рок од 2 дена од денот на одржувањето на јавната берзанска аукција.