РЕГИСТРИРАЈ СЕ     
ДОБРЕДОЈДОВТЕ
ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЛЕЖНОСТИ
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
ЗАКОНИ И ПОДЗАКОНСКИ АКТИ
ПРАШАЊА И ПРЕДЛОЗИ
КОНТАКТ
ЗА НАС
СТРАТЕГИИ
ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИИ
 
Упатство за користење
 

Кратко корисиничко упатство за користење на апликацијата за лицитирање на добра.

1 Најавување и регистрација на корисници

1.1       Најавување на корисник на системот

За најавување на системот потребно е да се внесат потребните податоци во десниот горен агол и да се кликне на копчето најави се. 

Слика1

Со кликање на ова копче доколку се точни корисничкото име и лозинката корисникот ќе биде најавен и ќе ја снема контролата за најавување и во горниот десен агол ќе се појават името и презимето на корисникот и линк одјави се.

Слика2

Доколку не се внесe точно корисничко име или лозинка нема да се најави на системот и ќе треба повторно да проба да се најави.

 1.2       Регистрација на нов корисник

Доколку лицето кое сака да се најави нема кориснички профил и сака да се регистрира тогаш со кликање на линкот „Регистрирај се“ се отвора форма во која треба да пополни податоци за него. Прво системот прашува дали се работи за физичко лице или правно лице.

Слика3

Со одбирање на соодветната вредност и кликање на копчето „Следно“ се отвора формата во која се внесуваат личните податоци за корисникот. Доколку станува збор за физичко лице тогаш ги има следниве податоци: Корисничко име, Лозинка, Електронска адреса, Име, Презиме, Матичен број, Адреса, Поштенски број, Град, Држава, Телефон и Мобилен. Доколку е правно лице тогаш го нема полето Презиме.

Слика4

Со пополнување на формите за регистрирање и со кликање на копчето „Регистрирај ме“ се креира нов корисник кој припаѓа во групата на Наддавачи. И новокреираниот корисник може да учествува на аукциите кои се понудени од Агенцијата за управување со одземен имот.

 

2  Пријавување и учествување на аукции

Како што веќе спомнавме корисникот може да се пријави за одредена аукција само доколку има креирано кориснички профил на системот. Пријавувањето на аукцијата, а и самата аукција се врши преку страната Лицитации на добра.

2.1       Пријавување за аукција

Кога корисникот ќе дојде на сајтот на агенцијата за управување во одземен имот и кликне на линкот Лицитации на добра ќе му се излистаат сите тековни Производи за кои треба да започне аукција или аукцијата е во тек. За секоја аукција има копче „Прегледај и пријави се“ кое ни отвора страна на која има детали за аукцијата.

Слика5

Со кликање на ова копче се прикажуваат деталите, односно  ни ги дава деталите за предметот: Вид, Количина, Парче/Kg, Почетна цена, Предмет, Слики за производот, и детали за пријавувањето и аукцијата: Последен датум за пријавување, Почеток на аукција и крај на аукција.

Над овие податоци ни е прикажано времето што е останато за пријавување. Под преостанатото време има копче кое доколку го кликнеме се пријавување на аукцијата. Доколку корисникот кликне на копчето, а не е најавен на системот тогаш тој се пренасочува на страната за најавување.

Слика6

 

2.2    Учествување на аукција

Откако корисникот ќе се пријави за учество на аукцијата треба да му достави уплатница со уплатени 10% од почетната вредност на производот на администраторот. Кога ќе ја достави уплатницата администраторот му овозможува на корисникот да може да учествува во аукцијата. Откако ќе истече времето за пријавување има одреден период за валидација на пријавените корисници, односно достава на уплатниците. По завршување на периодот на валидација на корисниците доколку се исполнети условите за почеток на аукција, аукцијата се стартува и корисниците можат да дават свои понуди. Ако сега се оди на линкот Лицитации на добра ќе забележиме дека статусот на производот е сменет во „Во тек“, ако се кликне на копчето „Прегледај и лицитирај“ за соодветниот производ ќе се отвори страната за преглед на Предметот и соодветната аукција. Доколку некој корисник има направено понуда за производот тогаш на овој прозорец е прикажана последната, највисока, понуда. Прикажано е и времето преостанато за аукцијата и има поле за внесување на вредноста за понудата на корисникот и копче „Внеси понуда“. Со пополнување на вредноста и кликање на копчето корисникот внесува нова понуда за производот, доколку корисникот не е најавен на системот тој се пренасочува на страната за најава.

Слика7

Кога успешно ќе заврши аукцијата и ќе има победник на победникот автоматски му се испраќа порака на електронската адреса внесена во корисничкиот профил дека победил на аукцијата. Корисникот е должен во рок определен со закон да ја уплати и преостанатата сума од неговата понуда за производот. Доколку сумата не биде уплатена корисникот ги губи заложените пари на почетокот на аукцијата. Додека на корисниците кои не ја добија аукцијата им се враќаат парите кои ги имаа уплатено во процесот на пријавување.

НАПОМЕНА: За времетраење на наддавањето, за проверка на последната понудена цена, потребно е да се освежува страната на интернет прегледникот (Refresh / Reload).

 

 

 

 



Влада на Република Северна Македонија
Претседател на Република Македонија
Собрание на РСМ
Министерство за правда
Судови на РМ
Царинска Управа на Република Македонија
Ден на дрвото, Ноември 2012
 

(c) Copyright 2009, Агенција за управување со одземен имот, Република Македонија

Site Meter